Cafe Del Mar

Чаевите како најголем сојузник на витката линија

За да се ослободите од вишокот на вода во телото и да се забрза губитокот на килограми, подгответе два вкусни чаја кои ја чистат крвта и телото од токсини, ја стимулира работата на метаболизмот и ја елиминираат надуеноста.

Чајот од коренот на млечка го подобрува варењето, го чисти црниот дроб и влијае врз ослободувањето на штетните материи преку пот.

Ги отстранува штетните материи од крвта и телото, ги прочистува мукозните мембрани и дишните патишта и го намалува холестеролот.

Подготовка:

Ставете една лажица од сомелен, исушен корен од млечка во топла вода. Загрејте ја до вриење, а потоа оставете го чајот на пониска температура уште 10 минути. потоа процадете го.

Дека анасонот е сојузник на витката линија, познато е со години наназад.

Ја стимулира работата на метаболизмот и го забрзува ослободувањето на токсините од телото. Го намалува чувството за глад, надуеност и ве ослободува од запек.

Подготовка:

Додадете 4 лажички семе од анасон во литар топла вода и варете 5 минути. Тргнете го од огнот и покријте го и оставете го да отстои 15 минути. Процадете.

Ако сакате да се уверите во ефективноста на овие чаеви, се препорачува да пиете 2 до 3 чаја дневно.

Напиши коментар