← НАЗАД НА БОЗА

Chanel vinyl усните се нов тренд кој што едвај чекаме да го пробаме

Chanel vinyl усните се нов тренд кој што едвај чекаме да го пробаме
35 Читања

Црвената боја паѓа во втор план.

Chanel ја редизајнираше престижната Grand Palais оваа година во vintage железничка станица и ни претстави колекција што го пренесе легендарниот класичен француски chic на Chanel во новата колекција Chanel Cruise 2020.

Глобалната креативна дизајнерка на Chanel за make-up и боја, Луција Пика совршено го нагласти монохроматскиот дизајн со избирање на лесна шминка со впечатлив детаљ – vinyl црн кармин.

Легендарните црвени усни на Chanel брзо се најдоа во втор план пред овој модерен look, за кој што сме сигурни дека со нетрпение чекате да го испробате за некоја посебна вечер.

Не го очекувавме vamp изданието на ревијата на Chanel, но мора да признаеме дека совршено се совпадна со нежниот дизајн на новата колекција.

Подолу можете да го видите видеото од целиот make-up look од блиску.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk