Понекогаш едноставно немаме доволно време за стилизирање на нашата коса, а сакаме да имаме шик фризура, која ќе го надополни нашиот outfit и make up.
За среќа за некои фризури ни се потребни само неколку минути, а тие се толку практични, елегантни и вистински глам „спас“ во последниот момент.
Пунџите се фризури кои многу пати не спасиле, кога сме имале bad hair day.
Сепак, посебен фаворит се ниските, елегантни пунџи, кои на секој ваш outfit ќе му дадат елегантен допир, а ќе бидат готови за само 2 минути.
Оваа фризура потекнува од Шпанија и со години ја правиме поради две причини, а тоа се практичност и едноставност.
Оваа фризура е идеална за девојки со малку подолга коса.
Направете патец на средината, совршено исчешлајте ја косата, врзете низок реп, со силиконско ластиче, а потоа околу почетокот на репот, свиткајте ја косата во ниска пунџа и вашата фризура е готова во само неколку чекори и за само неколку минути.
Ако сакате малку погламурозна фризура, можете да додадете некоја интересна шнола или свилена марама.
Ако сакате сè да остане на свое место и вашата пунџа да изгледа беспрекорно, фиксирајте ја вашата коса со лак за коса.
Messy верзијата на оваа фризура е совршена за оние денови кога ќе имате голем број на обврски и не сакате косата да ви пречи, а истовремено сакате да имате фризура. Messy пунџата не бара многу напор.
Едноставно соберете ја косата во пунџа во долниот дел, извлечете неколку прамени кои ќе ви паѓаат врз лицето и врамете го на најдобар начин и дадете и на вашата фризура chic изглед.