Испирање на комплетниот лимфен систем и длабоко прочистување на ткивото се изведуваат во ајурведа со редовно пиење на топла вода.
Токсините (ама) влегуваат во нашите организми од надворешната средина – воздух, храна, пијалоци …
Според ајурведа, токсините се „лепливи“ по природа, а најдобро се исфрлуваат со топлата вода, исто како што може да се измие нечистотијата од садовите.
Важно е испирањето на организмот со топла вода да се одвива чекор по чекор, постепено, а за таа цел доволно е да испиете неколку голтки на половина час.
Ова не треба да ги исклучува другите пијалоци, како што се билните чаеви, кокосова вода или мешавината на зачини со ладна вода што ја пиеме за други терапевтски цели.
Сепак, ајурведа препорачува да се избегнува ледената вода и пијалоците со мраз.