Пејачката е на испитување во болница во Лондон.
Пејачката Мелани Браун, односно Mel B од групата Spice Girls, веднаш беше префрлена во болница откако одеднаш го изгубила видот.
Британските медиуми објавија дека на пејачката (43) и се слошило додека била дома и дека нејзините домашни повикале брза помош. Мелани повторувала дека „не може да види ништо“.
Пејачката, инаку, пред 20 години се обидела ласерски да ја отстрани диоптријата, но операцијата поминала лошо и трајно го изгубила видот на левото око.
Сега се жали дека не гледа ништо и со десното и дека „ослепела“.
Не е познато што и се случило на членката на Spice Girls која во моментов е на тестирање во болница.
Турнејата на Spice Girls треба да започне за само неколку дена. Турнејата ја „загрози“ бомбастичното откритие за претходната страсна врска меѓу Мел Б и Џери Хорнер, која негира дека тие две биле некогаш заедно.