Мојата кујна

Чоколадни бисквити со ѓумбир

Подгответе вкусни чоколадни бисквити со ѓумбир.

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 1 јајце
  • 200 гр брашно
  • Прашок за пециво
  • 100 гр шеќер
  • ѓумбир, цимет
  • 50 гр чоколадо
  • 2 лажици кафе

Подготовка:

Измешајте во подлабок сад јајце, стопен путер, шеќер, изрендан ѓумбир, брашно, прашок за пециво. Состојките матете ги додека не добиете мазна смеса.

Поделете ја на три дела. Во првиот дел ставете го исецканото чоколадо, во вториот цимет, а во третиот кафе. Потоа измешајте ги деловите додека не добиете компактна смеса, а потоа оставете ја во фрижидер 15-20 минути.

Направете топчиња од тестото и ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Печете 10 минути во рерна загреана на 180 степени и служете ги изладени, со кафе или со млеко.

Напиши коментар