Ако ви треба рецепт за десерт кој изгледа ефикасно, а е превкусен – еве идеја. Овој колач бара малку време покрај шпоретот, а уште помалку ќе ви треба да го изедете!
Состојки за топките:
– 100 гр бланширани кикирики
– 100 гр ореви (лешници)
– 50 гр мед
– 1лажица какао во прав
– 4 испасирани урми (свежи)
– 2 лажици кокосово масло
Во машината, смелете ги кикириките и лешниците. Нормално, можете да користите и други јаткасти плодови што ви се при рака. Додадете мед, какао, масло и добро изблендирајте. Смесата мора да биде како тесто, значи доста густа и лесна за обликување. Од добиената мешавина направете топчиња или можете да ја направите формата со модла по желба. Можете да ги декорирате со бисквити или украси од марципан.
За чоколаден мус:
– 100 гр црно чоколадо
– 50 гр путер
– две помали јајца
– половина лажичка екстракт од ванила
– прстофат морска сол
– една лажичка цимет
На пареа стопете го путерот и чоколадото, со трошка сол. Додека се топат, одвојте ги жолчките и белките. Белките посолете ги и изматете ги во шлаг.
Во растопените чоколадо и путер додадете ја жолчката и мешајте додека смесата не се соедини и стане мазна.
Потоа додадете го шлагот и полека мешајте на пареа додека смесата не стане густа. Внимавајте температурата да не е премногу силна и постојано мешајте (да не се испече јајцето). На крајот додадете ја аромата од ванила.
Во чаша ставете ги топчињата и наполнете ги со мус. Послужете ги со цимет одозгора.
Пријатно!