Листовите од моркови обично се фрлаат, но она што треба да знаете е дека токму лисјето е вреден извор на витамини и минерали кои се неопходни за здравјето на организмот.
Не фрлајте ги лисјата од морков, бидејќи содржат протеини, витамини и минерали. Содржат 6 пати повеќе витамин Ц од самиот морков. Тие се одличен извор на калциум и хлорофил, и ја прочистуваат крвта, лимфата и токсините од надбубрежната жлезда. Ги зајакнуваат коските и мускулите. Го поправаат видот.
Високите количини на калиум и витамин К го намалуваат крвниот притисок, го нормализираат метаболизмот, штитат од остеопороза и срцеви заболувања.
Грчките лекари ги вклучиле листовите од моркови на листата од 600 билки кои се ефикасни во лекувањето на ракот.
Во хомеопатијата, чајот од лисјата на морковот се користи како диуретик за лекување на бубрежни болести и елиминација на отокот.
Сокот од листовите може да се користи како антисептик за плакнење на устата. Жвакајте ги ливчињата за да се ослободите од лош здив, гадење и крварење на непцата.
Поради силниот антисептички ефект, лисјата од морковите може да се мешаат со мед и се користат за дезинфекција на рани. Тие содржат супстанции кои ја стимулираат работата на хипофизата.
Забелешка:
Во руската народна медицина лисјата од морков се користат за стимулирање на матката за време на породувањето, така што тие не треба да се јадат за време на бременоста.
Како да ги користите:
Користете ги во салати, заедно со лук, ѓумбир и бибер. Можете да го ставите во супа, пржи со друг зеленчук …