Миленичиња

Да можат да зборуваат, нашите миленичиња би ни ги кажале овие работи!

– Мојот живот трае 10 до 15 години. Секоја разделба од тебе значи страдање за мене. Размисли за тоа пред да ме земеш.

– Сакај ме онаков каков што сум, затоа што ти ме избра. Јас немам можност да изберам пријател или господар.

– Дај ми време да разберам што бараш од мене, пред да ме искараш за време на тренингот – преиспитај се себеси, можеби ти грешиш или јас не можам да разберам што сакаш.

– Сакај ме, јас живеам од твојата љубов.

– Не се лути на мене и не ме казнувај. Ти ја имаш својата работа, имаш свои пријатели, свое хоби, а јас те имам само тебе.

– Разговарај со мене! Иако мислиш дека не те разбирам, сè уште знам што мислиш и чувствуваш.

– Знај дека не заборавам како се однесуваш кон мене.

– Размисли, пред да ме удриш, дека многу лесно можам да те гризнам, но никогаш не го правам тоа.

– Не ме земај како играчка, додека сум мал и симпатичен, за да ме напуштиш подоцна, бидејќи мојата љубов кон тебе е вечна.

– Грижи се за мене кога ќе остареам, останам без заби, оглувам и престанам да се движам. И за тебе некој ќе се грижи – староста е иста за сите.

– Следи ме на моето последно патување. Никогаш немој да речеш: „Јас тоа не можам да го гледам“ или „Нека се случи тоа во мое отсуство“. За мене се е полесно со тебе. Тоа нека ти биде долг кон мојата верност и нашата прекрасна младост.

– Кога ќе ме нема повеќе, не тагувај, туку усреќи друго куче и  сакај го на начинот на кој што ме сакаше мене.

Напиши коментар