Додека поканите се подразбираат, многу млади се во дилема дали да испратат благодарници по прославата. Еве малку помош …
Помина големиот ден, задоволни сте од подароците, но исто така благодарни сте им на гостите кои ја развеселија вашата прослава. Во ред е да им се заблагодарите на сватовите по неколку дена.
Испраќање на благодарници по пошта – картичка која наликува на самата покана е убав гест, но сѐ уште не е доволно распространет кај нас.
Доколку за време на планирањето навенчавката однапред се согласивте да испратите благодарници, можете да ги нарачате кога и поканите и да ги испратите по веселбата.
Можете да ги испратите и неколку дена по свадбата, а доколку не успеете, замолете некого да го стори тоа за вас, ние сме сигурни дека гостите нема да бидат навредени ако оваа форма на благодарност ја добијат по враќањето од меден месец.
Ако сепак сте приврзани кон традиционалните начини, би било убаво да одделите еден ден и да им се заблагодарите на гостите по телефон.
Тоа е поскапо, одзема повеќе време и е исцрпувачко, затоа што секој ќе сака да ги пренесе своите впечатоци и да постави неколку прашања.
Се разбира, овој начин е поинтимен и ќе оставите посилен впечаток.