Motherhood

Дали е опасно бремените жени да спијат на грб?

Дали сте слушнале дека бремените жени треба да спијат свртени на страна? И не, тоа не се само приказни од времето, и експертите тоа го советуваат!

Една студија спроведена на Универзитетот во Хадерсфилд покажа дека ризикот по детето ќе се намали ако мајката спие на  страна за време на бременоста, а не на грб.

Не е лесно да се најде удобна позиција за спиење за време на бременоста, а една нова студија сугерира дека бремените жени треба да спијат на страна.

Научниците ги анализирале навиките за спиење на 851 мајки и 2257 бремени жени. Анализата покажа дека спиењето на грбот по 28-та недела од бременоста го зголемува ризикот од мртво родени бебиња за 2,6 пати.

Сеуште нема официјално објаснување зошто е тоа така, иако некои експерти тврдат дека спиењето на грб го ограничува протокот на кислород до фетусот.

„По 28-та недела од бременоста, побезбедно е да спиете на страна отколку на грб“, рекоа научниците по студијата.

Д-р Томасина Стејси, водечки автор на студијата, вели дека спиењето на грб „претставува опасност само за мал број бремени жени“, но, сепак треба да се биде внимателен, па затоа е препорачливо сите бремени жени да спијат на страна.

Напиши коментар