Неговите 17 соби се лекција за комбинирање на бои, текстура и допир на историјата, а за тоа треба да му се заблагодариме на модниот гуру Christian Lacroix.
Францускиот дизајнер и дал на секоја соба свој стил во хотелот “Hôtel du Petit Moulin”, со панорамски тапети, декориран мек тапацир и богати нијанси.
Зградата била изградена во седумнаесеттиот век и е позната како прва пекара во Париз. Се вели дека авторот и поет Виктор Хуго го купувал својот леб од тука, иако денес нема ни еден ресторан. Меѓутоа, она што останува, е заспаната, оригинална фасада.
Нема потреба да се секирате поради недостатокот на опции за јадење на лице место, бидејќи овие бутици се погодно лоцирани во една од најцентралните и најраздвижени населби во Париз, Haut Marais: кратка прошетка ќе ве однесе до фино кафе, шармантни пекари и мноштво други атракции.
Во близина на сестринскиот хотел, “Pavillion de la Reine”, гостите можат да користат спа и фитнес сала и да позајмуваат велосипеди за возење околу градот.