Sweet Home

Дали се сеќавате на автобусот на Spice Girls? Тој е преуреден и сега можете да престојувате во него

Оригиналниот автобус од филмот Spice World

Секој кој пораснал со Spice Girls се сеќава на деталите поврзани со овие девојки.

Нивните карактеристики, outfit-и, песни, видеа и конечно Spice World филмот во кој девојките одат на турнеја во адаптираниот автобус.

Типичен double decker, или автобус на спрат, кој во филмот е опремен со најлуда технологија, а надворешноста е обоена во боите на англиското знаме и привлекува погледи.

Овој автобус сега се претвори во вистинско сместување благодарение на Airbnb. Познатиот сервис е веќе познат по своите напори кога станува збор за привлечните светски атракции, во кои можете да престојувате со помош на специјални наградни игри, но овој пат случајот е малку поинаков.

Реновираниот ентериер за максимално удобен престој

Mega fan-от на Spice Girls, Сузан Годли, ја доби можноста да стигне до оригиналниот автобус од филмот и да го преуреди со помош на Airbnb.

На обожавателите како неа, ќе им даде можност да влезат во автобусот на Spice Girls, кој ќе биде паркиран во Wembley паркот на 14 и 15 јуни 2019 година.

На два спрата од автобусот има доволно место за дружење и има место за спиење за три гости.

Напиши коментар