Cafe Del Mar

Дали жените или мажите слабеат побрзо?

Познато е мислењето дека мажите полесно ја поднесуваат борбата со губењето на килограмите и полесно се решаваат од несаканите маснотии.

Дури и ако тие го следат истиот режим на исхрана и вежбање, мажите ќе изгубат тежина побрзо од жените.

Тоа го потврдија и научници и велат: Постојат многу причини за ова.

Една неодамнешна студија покажа дека жените се повеќе опседнати со храна отколку мажите.

Околу 25 проценти од жените на диета размислуваат за храна на секои половина час. Друга причина е тоа што жените емоционално се поврзуваат со храната, додека мажите не го прават тоа.

Уште една студија објавена во Conquering Heart Attack & Stroke го вклучи и скенирањето на мозокот, додека истражувачите држеа вкусна храна пред мажи и жени кои не јаделе еден ден, а потоа побара од нив да се борат против гладот.

Беше откриено дека машките мозоци се помалку емотивни и активно реагираат во споредба со жените. Лесно им беше да ја контролираат желбата за омилената храна.

Познато е дека мажите имаат побрз метаболизам во просек од 5 до 10 проценти побрз од тој на жените со иста тежина и висина.

Мажите имаат повеќе мускули кои им помагаат брзо да согорат повеќе калории.

Напиши коментар