Прославата на роденден во McDonald’s беше една од најголемите привилегии и еден од највозбудливите настани во детството на сите оние кои биле на таа возраст кога познатиот американски синџир за брза храна пристигна во Македонија.
Да се добие торта и хамбургер, како и посетата на ресторанот се вбројувало во топ роденденски прослави на сите времиња, а на тој принципот McDonald’s започна нешто за возрасни – McWeddings – свадбена прослава со бројни подароци, хамбургери, торта составена од пити од јаболки и класични украси.
Ако сте редовен гостин на McDonald’s, можеби McWeddings се токму за вас.
Во Хонг Конг, McWeddings се одржуваат од 2011 година.
По цена од 2.900 долари младенците можат да добијат двочасовен престој во ресторанот за брза храна, водител на забавата, опрема за DJ, а може да изберат дали сакаат класична кинеска свадба или меѓународна верзија, па во зависност од тоа се прават различни украси и подароци за гостите.
McDonald’s Hong Kong го претстави целиот пакет на својата страница со други опции за забава во популарниот синџир.
Паровите кои се запознале во McDonald’s или биле на првиот состанок токму таму, посакаа врската да ја крунисаат со брак на истото место.
По експерименталната фаза ова се покажа како успешен модел и можноста за венчавка во McDonald’s се задржала до денес, но се уште нема индикации дека тоа ќе се прошири и во остатокот од светот, иако неколку парови, вработени во McDonald’s во САД успеаа нивното судбинско „да“ да го кажат во овој синџир на брза храна.
За сите љубители на хамбургери и необични традиции, ова може да биде одлична опција – барем за краткотрајна забава и добра можност за фотографирање пред свадбата, која би траела цела ноќ.