Motherhood

Дали знаете колку „поминуваат“ родителите во туркање на количка?

Повеќе отколку што ќе претпоставите, сосема сигурно. И тоа за само една година.

Истражувањето спроведено во Велика Британија, во кое беа вклучени 1.000 мајки и татковци, покажа дека бебето во текот на една година од времето поминато во количка, до моментот кога ќе прооди и ќе ја „израсне“, ќе извози дури 1.200 километри.

Статистичките податоци покажуваат дека бебињата се возат најмалку осум пати неделно, и дека во текот на секоја прошетка поминуваат помеѓу два и пол и три километри. Ова значи дека месечно родителите ја буткаат количката околу 99 километри.

Анализата на одговорите на родителите кои учествуваа во анкетата на сајтот Channel Mum покажа дека мајките често ги водат бебиња на прошетка, но кога таткото ги носи на прошетка, таа трае подолго.

Прошетката со бебето во количката е голема возбуда за родителите, особено ако тоа е нивното прво бебе.

Првото излегување на бебето е „голем настан“ за мама и тато, кое навистина може да се спореди со чувството кога прв пат сте седнале зад воланот, откако сте го положиле испитот за возење.

Ова е повеќе од корисно, прво – за бебето е добро да биде на воздух, бебињата сакаат да се возат, а тоа може и да ги смири кога тие се нервозни или плачливи, обично бебето многу побрзо заспива во количка отколку во кревет, а одлично е и за родителите, бидејќи тоа е одличен начин да се биде физички активен без премногу напор, пишува “Indipendent”.

Напиши коментар