Психолошката зрелост на постарите мајки има позитивно влијание врз развојот на детето, покажаа данските истражувања на Универзитетот во Архус.
Тоа исто така, покажа дека е помалку веројатно постарите мајки да ги казнат своите деца за време на воспитанието и дека децата на возраст од 7 до 11 години имаат помалку социјални, емоционални и потешкотии во однесувањето.
Истражувачите го испитувале односот на 4.741 мајки и нивните деца, а студијата покажала дека предностите на постарите мајки се видливи до адолесцентниот период.
Така, децата од постарите мајки биле вербално и социјално поспособни од нивните врсници, чии мајки биле помлади, без оглед на социјалниот статус, образованието и други слични фактори.
„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со возраста и се потолерантни кон другите и емоционално позрели. Затоа, овој начин на родителство може да придонесе за позитивна психосоцијална средина која влијае врз воспитувањето во детството“, вели авторот Дион Сомер.
Студиите, исто така, покажаа дека постарите жени напредуваат подобро на почетокот на мајчинството, бидејќи тие се помалку загрижени затоа што имаат генерално попозитивен став за родителството и децата.
Иако точната старосна граница за постарите мајки не беше наведена во оваа студија, слични истражувања ги дефинираа како жени кои имаат над 35 години.