Водата е најдобар пијалак за жед и доволна е за децата да бидат добро хидрирани, но што ако не сакаат да пијат?
Според едно американско истражување, ако детето не пие доволно вода, може да има сериозни здравствени проблеми.
„Децата треба да консумираат вода секој ден. Ако не пијат доволно, веројатно ќе биде заменета со некои други пијалаци, како што се сокови кои содржат многу шеќер“, рече водечкиот автор на истражувањето, Ашер Росинџер.
Заедно со неговите колеги, Росинџер ги анализирал податоците собрани од 8400 деца помеѓу 2 и 19 години.
Тие дошле до загрижувачки факт дека секое петто дете воопшто не сака да пие вода. Овие деца консумираат речиси 100 дополнителни калории дневно од слатки пијалаци.
Според препораката на Светската здравствена организација, внесот на додаден шеќер не треба да надминува 10 проценти.
За децата кои не пиеле вода, оваа граница е надмината.