Истражувањето спроведено меѓу деца покажа дека четири од пет деца сакаат да играат повеќе на отворено отколку во стан.
Истражувањето опфати 543 деца меѓу седум и четиринаесет години од ЕУ. Четири петтини преферираат да се качуваат на дрва или да играат во паркот отколку да седат дома и да играат видео-игри, а 76% од нив би играле почесто надвор, отколку што сега играат во домот.
Во прилог на фактот дека, според истражувањето, на децата им е позабавно да играат на отворено, тоа исто така е и поздраво.
Играњето во природна средина помага во развојот на децата, а недостатокот на „свеж воздух“ или недоволниот престој во природата може да доведе до некои емоционални и физички потешкотии кај децата во иднина.