Motherhood

Дете во друштво на возрасни

Во друштво на возрасните, на детето обично му е здодевно и станува нестрпливо, па затоа тоа треба да се земе в предвид и да се скрати разговорот во присуство на детето.

Ако дома ви дојдат гости, вашето дете треба да се поздрави, а потоа да оди во неговата соба или друга просторија со цел да не им пречи на возрасните, но исто така и тие да не му пречат нему.

Ако одите на гости, не е препорачливо детето да го земате со вас, освен во исклучителни ситуации кога лицето кое го посетувате има деца и сакате децата да се дружат едни со други.

Ако го водите детето затоа што немате каде да го оставите и ќе бидете само во друштво на возрасни, тогаш посетата треба да биде што е можно пократка.

Во тој случај, детето треба да седи со вас и тоа мирно и да не се меша со разговорот. Ќе го направите ова со носење на игра која детето ја сака, а нема можност да ја игра често.

Сепак, детето не треба да биде како кукла, и мора да научи да се однесува природно.

Нека ја прифати понудената храна и пијалоци, но во умерени количини. О

бјаснете му како да им каже збогум на постарите кога ќе заминете и пристигнете и пристојно да одговори на поставените прашања.

Напиши коментар