← НАЗАД НА БОЗА

Детокс: 3 smoothie рецепти кои ќе ве регенерираат по празничната сезона

Детокс: 3 smoothie рецепти кои ќе ве регенерираат по празничната сезона
206 Читања

Инстант детоксикација за која ние копнееме во пост-празничните денови.

По празниците и обилното уживање во храната и пијалаците во јануари, започнува добро познатата традиција на детоксикација на организмот.

Премногу уживање во слатките деликатеси наскоро ги покажуваат првите знаци на замор и сите оние несакани појави врз телото и кожата.

Beauty пијалакот е одличен сојузник во решавањето на сите симптоми за кратко време.

Бројните познати супермодели им ја припишуваат на нив тајната за виталноста и здравата кожа и коса.

Beauty пијалакот кој ја стимулира регенерацијата и неопходната детоксикација на целото тело најдоброе да се конзумира наутро пред појадокот.

Не е тајна дека свежото овошје и зеленчук во течна форма се лек за телото. За време на летото најчесто ги консумираме како пијалак со неколку коцки мраз за вистинско освежување.

Доколку во нив додадете неколку состојки на познатата „супер-храна“, ефектот е максимален, а наскоро и сами ќе се уверите во ефективноста која што beauty пијалакот ја има врз вашето тело.

Подолу се дадени три рецепти кои експресно ќе ве регенерираат и ќе ви ја вратат енергијата за нови почетоци.

Зелен beauty пијалак

1/3 чаша целер

1 свежа краставица

½ шака свеж копар

½ шака свеж магдонос

2 исцедени лимони

1/2 чаша сок од алое вера

Инстант детоксикација

4 листови кељ

½ чаша свеж спанаќ

5 ливчиња нане

1/2 свежа краставица

1 чаша кокосова вода

1 исцеден зелен лимон

1 киви

Супер – храна во чаша

1 замрзната банана

2 урми

1 чаша бадемово млеко

1 чаша свеж спанаќ

1 лажичка спирулина во прав

1 лажичка коноп во прав

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk