Диетата со обилен појадок станува се повеќе и повеќе популарна.
Основниот принцип на оваа диета е дека за време на најважниот оброк, појадокот, јадете „кралски“ и дека секој следен оброк е количински помал, бидејќи точката на губење на тежината не е само во вкупниот број на калории кои ги внесувате во текот на денот, но, исто така, времето во кое се консумираат калориите.
Појадокот е најважен оброк во текот на денот, бидејќи на самиот почеток на денот, нашето тело има потреба од поголемо количество енергија.
Ако на почетокот на денот внесете од 600 850 калории и тоа пред 9 часот наутро, тие калории буквално ќе бидат сојузници на вашиот метаболизам, ќе ги избалансираат хормоните и ќе го стимулира согорувањето на мастите.
За да бидат видливи резултатите, појадокот треба да биде богат со протеини и влакна.
Ако правилно, количински ги таспоредите оброците, во текот на денот, за само еден месец можете да изгубите околу 10 кг, без да се откажете апсолутно од ништо.
За да ја направите оваа диета уште поефикасна, појадокот се сервира 15 минути по будењето. За само 2 недели, организмот ќе се навикне и ќе се будите гладни.
Важно е да се запамети дека за ручек, треба да внесете половина калории од појадокот, а за вечера да имате помалку калории во споредба со ручекот.
Внимавајте оброците да ви се базираат првенствено на протеини. Ако со неа истовремено ја применувате и омилената физичка активност, резултатите ќе бидат видливи за само две недели.
Бенефитот на оваа диета е во тоа што таа се одразува на вашиот метаболизам долгорочно. Па ќе се будите гладни, а калориите ќе се согоруваат сами по себе.