Дали и вие би ги замениле дијамантите за вакво нешто?
Иако дијамантите веќе многу години се логичен избор за вереничките прстени, се чини дека полека, но сигурно доаѓа замената.
Всушност, побарувачката за прстен со скапоцени или полу-скапоцени камења што го означува роденденот на идната невеста, во последниве неколку месеци се зголеми за повеќе од 100 проценти.
– Со генерации, дијамантите беа ултимативниот камен за запросување, но денес, невестите не се строго врзани со нормите и традицијата. Тие сакаат да го изразат нивниот личен стил и да изберат прстен, кој ја одразува нивната личност, така што скапоцените камења во боја исто така, станаа многу чест избор за веренички прстени – истакна експертот Дијана Исом Џонсон за “Zoe Report”.
Но, не се сите невести врзани со прстенот што го означува нивниот месец на раѓање. На пример, смарагдот, скапоцен камен кој го означува месецот мај, најпопуларен е каменот во боја.