Рековме такси? Мислевме „бакси“!
Зошто рековме дека ова такси е најдоброто во светот? Што има што другите такси возила го немаат?
Па, сè!
Внатрешноста е таква што по отворањето на вратата ќе се запрашате дали навистина влегувате во возило или во луксузен стан. А внатре, седишта со перници, папучи, завеси, дури и камин! Само да посакате вашата дестинација да биде што е можно подалеку.
А едно е сигурно. Откако ќе се возите со ова „бакси“, нема да зажалите за дадените пари. Или фунти, бидејќи, за жал, ова такси моментално е достапно само во Англија.
Погледнете го видеото и споделете ги со нас вашите впечатоци!