ДА е платена професија, жените би заработувале 108.837 фунти годишно за работата која ја завршуваат во домот.
Податоците се дел од платформата за едукатори и родители Childcare.co.uk која направи анализа врз основа на податоци што покажуваат колку заработуваат специјалисти во одредени области, како што се готвачи, медицински сестри, чистачи, наставници и други.
Според овие податоци, мајките во Британија би биле платени околу 12 фунти на час.
Исто така, нивните плати ќе се разликуваат во зависност од местото на живеење. Мајките што живеат во Лондон ќе заработат повеќе од 123.000 фунти годишно, додека ќе заработат најмалку 86.000 фунти во Стирлинг, на пример.
Тоа е плата која во секој случај е повисока од платата на стоматолозите, адвокатите, финансиските менаџери, медицинските сестри, лекарите и пилотите.
„Јас сум родител и сум сведок колку е тешко да се биде мајка, па затоа сакав да дознаам колку ќе бидат платени за целата работа што ја работат“, вели Ричард Конвеј, основач на истражувачкиот портал.
„Откако сите информации беа достапни, не бев изненаден од платата. Да се биде мајка значи да се биде без одмор, не можете да ја напуштите канцеларијата или да ја избегнете одговорноста“, рече тој.
„Оваа бројка докажува каква неверојатната работа мајките завршуваат“, заклучи тој.