Cafe Del Mar

ДОКТОР ОТКРИВА ТРИК со помош на кој можете да ослабете, иако седите цел ден

Не знаете како да се натерате на повеќе движење, активност и конечно на губење на килограмите?

Освен што во почетокот треба да пронајдете волја за промена на вашиот животен стил, постои едно едноставно движење кое може да ви помогне конечно да се активирате.

Докторот Џон Мортон, кој е експерт за слабеење и шеф на хирургија на Универзитетот Стенфорд, ја откри, според него,  најдобрата стратегија за започнување на тренингот.

Поточно, открил кое движење, ако го повторите доволно пати, може да помогне во зајакнувањето на мускулите на стомакот и задникот, но исто така и согорува калории.

Работата е прилично едноставна – станете од столчето најмалку 30 пати во текот на денот.

Да, добро читате.

Во интервју за PopSugar, тој откри дека ова движење е одличен почеток за луѓе кои не се движат многу.

Но, ова е добар почеток само ако навистина не можете да се пофалите со добра кондиција, додека оние луѓе кои веќе се физички активни нема да имаат никакво влијание

Ако сепак се одлучите да ја пробате оваа вежба, внимавајте како ја правите.

Всушност, не заборавајте кога ќе станете да ги стегнете мускули на стомакот и задникот, исто како кога правите клекнувања.

Напиши коментар