Здраво тело

Домашен сируп за болно грло и кашлица

Можете да ги ублажите проблемите предизвикани од болки во грлото и кашлицата со домашен сируп, што е лесно да се подготви и е многу ефикасен.

За подготовка на домашниот сируп кој ќе ве ослободи од непријатните симптоми на воспаленото грло или кашлица, се потребни шеќер, мед, масло и лимон. На едноставен начин, и со помош на состојките кои секогаш ги имате во вашиот дом, ќе добиете лек од домашната работилница.

Истопете четири лажици шеќер и полејте ги со четири лажици млеко или вода. Мешајте додека не добиете густ сируп. Отстранете го од шпоретот, потоа измешајте го со четири лажици мед, две лажици масло и исцадете еден лимон. Пијте во мали голтки.

Напиши коментар