Никој нема да може да му одолее на овој десерт…
Направете домашни карамели и уживајте во нив…
Состојки:
Чаша кафеав шеќер
Чаша бел шеќер
395 милилитри слатка павлака
115 грама путер
Подготовка:
Се мешаат сите состојки во сад со средна големина и се ставаат на силен оган да зовријат. Често мешајте ја смесата за да не изгори.
Кога состојките ќе се соединат и смесата ќе стане мазна, продолжете да мешате уште 10 минути.
Потоа истурете ја смесата во подмачкана тепсија или калап и оставете да се излади неколку часа, а потоа исечете ги карамелите и сервирајте ги.