Источните трендови во нега на кожата стануваат сè попопуларни.
Големите придобивки за нашата кожа се скриени во древниот кинески ритуал за убавина.
Кина е позната како лулка на најстарите beauty ритуали, а кинеските жени токму поради тоа се познати по беспрекорниот тен.
Древната кинеска beauty убавина се состоеше од неколку чекори, кои длабински ја негуваат и ја хранат кожата.
Тајната е во само 3 beauty чекори:
Зелен чај
Зелениот чај е силен антиоксиданс и има анти-воспалителни својства, па затоа има посебна улога во светот на убавината. Кога овој чај се нанесува на лицето, ја смирува воспалената кожа, а кофеинот содржан во зелениот чај ја стимулира циркулацијата и и дава на кожата свеж и сјаен изглед.
Beauty валјак од жад
Древните Кинези сметале дека жадот ја собира негативната енергија и помага да се воспостави внатрешна рамнотежа. Денес, валјакот од жад се користи за темелна масажа на лицето, со цел да ги собере течностите и себумот што се акумулираат на површината на лицето во текот на денот.
Кога ќе го чистите лицето пред спиење, ставете хидратантен ноќен крем и направете масажа со валјакот, така што сите производи ќе навлезат длабоко во вашата кожа и ќе ви дадат што подобар ефект.
Исто така е ефикасeн и во борбата против подочници, бидејќи ја стимулира циркулација на лицето.
Вода од ориз
Темелното чистење на лицето со оризова вода, им дава на жените од Кина младешки изглед и сјаен тен. Оваа вода е богата со бројни минерали и хранливи состојки, кои длабоко ја хранат нашата уморна кожа и и го враќаат сјајот и еластичноста.