Sweet Home

Drew Barrymore дизајнираше генијална колекција на мебел

Одеднаш имаме потреба да го редекорираме целиот стан!

Освен што и се восхитуваме на нејзината природност и невообичаен пристап кон кариерата, Дру Баримор ни даде уште една причина да се вљубиме во неа уште повеќе.

Станува збор за колекција на мебел и додатоци за домот, кои таа ги дизајнираше за Walmart.

Колекцијата Flower Home е инспирирана од нејзината љубов кон патувањето, а целата колекција е токму она што го замисливте – разиграно, шарено и забавно.

Од креветот со цветен дезен и кадифениот bord до пастелните вазни и масички за дневната соба – парчињата од оваа колекција се наоѓаат на врвот на нашата листа на желби, а во галеријата издвоивме 10 од нив кои особено нé возбудија.

Напиши коментар