Motherhood

Дури и една цигара на ден во бременоста е опасна

Една цигара дневно во бременоста го удвојува ризикот од ненадејна смрт на детето, предупредуваат експертите!

Истражувачите анализирале повеќе од 20 милиони пораѓаи, вклучувајќи и 19.000 случаи на ненадејна смрт на бебиња и открија дека една цигара на ден во текот на бременоста има двојно зголемен ризик од ненадејна детска смрт.

„Ако сте пушач, важно да го прекинете пушењето пред да забремените“, вели водечката авторка на студијата, Татјана Андерсон од Детскиот институт за истражување во Сиетл.

„Откривме дека кај децата чии мајки пушеле три месеци пред бременоста и престанале да пушат во првиот триместар, се уште постои зголемен ризик од ненадејна смрт во споредба со децата чии мајки не пушат“, објаснува таа.

Доколку жените не пушат за време на бременоста, научниците велат дека бројот на ненадејни смртни случаи на бебиња ќе биде намален за 22 проценти.

Д-р Раул Гупта укажува дека никотинските фластери не се безбедни за бремените жени.

„Никотинот е исто така поврзан со важен дел од развојот на мозочните клетки од новороденчиња“, вели Гупта.

„Без разлика на методот или уредите со кои никотинот влегува во телото, тој се уште им штети на бебињата.“

Напиши коментар