Новости

Двете најсекси албанки се избегнуваа на Мет Гала: Веќе не се поднесуваат, а беа неразделни

Иако некогаш биле добри пријателки, сега се избегнуваат и не сакаат да се сретнат.

Пејачката Дуа Липа (23) и Рита Ора (28) се најдоа во центарот на скандал поради избегнување на годинешниот настан Мет Гала, а како што пишуваат светските медиуми, пејачките веќе долго време не се во добри односи.

Две од популарните пејачки, и двете Албанки по потекло, уште како помлади, како и на почетокот на кариерата кога се одселиле во Велика Британија, биле добри пријателки, но според пишувањето на странските медиуми веќе не се толерираат.

Дуа Липа ја обожавала Рита и често зборувала за тоа како таа сака да и биде постара колешка. Меѓутоа, како што пејачките стануваа популарни, почнаа расправиите, а сега целата ситуација ескалираше.

Рита и Дуа Липа некогаш се нарекуваа сестри, па дури и нивните родители се знаат добро, бидејќи тие се со исто потекло.

Пред големите и успешни кариери, нивните ќерки заедно посетуваа училиште за пеење и се движеа во истите лондонски кругови.

Се шпекулира дека причина за кавгата е ненадејниот, но и брз успех на Дуа Липе, која во последниве години стана се попопуларна од нејзината постара колешка.

Напиши коментар