Започна сезоната на алергии, а со тоа и познатите симптоми како што се кивање, кашлање и насолзени очи.
Иако алергиите се третираат со антихистаминици, помалку е познато дека нивните симптоми може да ги олесни чаша алкохол, а тоа е џин-тоник.
Хистаминот и сулфитот се супстанции кои ги влошуваат алергиските реакции и се наоѓаат во одредени видови на храна и алкохолни пијалаци – најчесто потемните и ферментираните, како црвено вино и пиво.
Спротивно на тоа, џинот и тоникот имаат мала количина на хистамин, а џинот, во основа, воопшто не содржи сулфит, освен ако производителот потоа не го додаде во пијалокот.
Поради оваа причина, овој коктел може да ги отвори дишните патишта и да ги намали алергиските симптоми. За да не се збуните, тој нема да ги излечи, но ќе ги ублажи симптомите.