Новости

ЏОНИ ДЕП ПО ПОСЕТАТА НА СРБИЈА ПРАВО ВО ЗАТВОР!

Поранешна жена објави слики од злоупотреба и поднесе тужба против актерот. Го тужеше за насилство!

Актерката Амбер Херд го тужеше својот поранешен сопруг Џони Деп за насилство.

На неодамна одржаниот судски процес, таа откри детали за тоа како познатиот актер во исто време консумирал наркотици, лекови и алкохол.

Покрај тоа, Амбер, исто така, приложи фотографии кои ги прикажуваат трагите од неговото насилно однесување, кои повторно беа пуштени во јавноста.

Покрај подливот под нејзиното око и искубаната коса од страна на нејзиниот поранешен сопруг, тој исто така скршил и дел од креветот, како што тврди таа со приложените фотографии.

Оваа сцена се случила кога Амбер одлучила да му каже дека одлучила да го напушти.

Џони Деп исто така ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета и побара 50 милиони долари за приложените  фотографии до судот.

Да се потсетиме, двојката се запозна во 2011 година, се венчаа во 2015 година, а во 2017 година се разведоа.

Откако Амбер ги приложи фотографиите до судот, на Џони му беше забрането да и се приближува на поранешната сопруга.

Тој неколку пати тоа го прекршил, и наводно продолжил да ѝ се заканува и се обидел да стапи во контакт со актерката.

Бидејќи неодамна беше доведена во прашање веродостојноста на тврдењата и обвинувања на Амбер, дека Деп брутално ја тепал и злоставувал, таа сега одлучи да ги приложи и фотографиите кои, наводно, сведочат токму за овие настани.

Напиши коментар