Со стајлингот го воодушевија светот.
– Таа е моја и на никој друг. Многу сум среќен. Нашиот однос е приватна работа и мислам дека затоа функционира добро – рече актерот за неговата нова сопруга, во интервју за “Modern Living”.
Актерот Џуд Ло (46) се ожени за 14-години помладата Филипа Коан (32), на интимната венчавка на 30 април во Лондон!
Двојката одлучи да се избегне списокот на гости од Холивуд, па во “Old Marylebone” поканети се само најблиските пријатели и семејството, а си кажаа „да“ по четири години во врска, и само два и пол месеци по веридбата во февруари 2019 година.
Џуд беше облечен во кадифено син костум, шешир и округли очила за сонце, а невестата е во мини фустан со длабоко деколте, исто така, со шешир и целосно во спротивност со традиционалната должина на фустанот, ги покажа заводливите нозе.
Таа држеше букет со разнобојни цвеќиња во нејзината рака. Двојката дојде на венчавката со џип “range rover”, а коментарите за нивниот стил веќе се повеќе од феноменални.
Инаку, Филипа е психолог со докторат и води сопствена компанија. Како што се пишува, на актерот кум на свадбата му беше родениот син Раферти Лу (22), кој на Инстаграм сподели неколку фотографии од венчавката каде на покривот на зградата пее и пуши цигара.
Врската на Џуд и Филипа започна во 2015 година, на црвениот тепих на Фестивалот Хеј.
Во интервјуто за Modern Living, актерот рече за Филипа:
– Таа е моја и на никој друг. Многу сум среќен. Нашиот однос е приватна работа и мислам дека затоа функционира добро.
За Џуд ова е втор брак, а со неколку жени има пет деца.
Да се потсетиме, Џуд е на самиот врв на познати фраери кога станува збор за бројот на жени со кои бил, а има пет деца.
Пред Филипа, од 1997-2003 година, тој беше во брак со дизајнерката Седи Фрост (53), со која го има синот Раферти (22), Ирис (18) и Руди (16).
Џуд Ло има и ќерка, Софија (9) со модел Саманта Бурк (34), и со музичарката Кетрин Хардинг ја има Ада (4).