Sweet Home

Ѕирнете во домот на бразилската убавица: Алесандра Амбросио живее во рајска вила!

Алесандра Амбросио има стил – во моментот не зборуваме за модата, зборуваме за стил на уредување кога станува збор за куќата.

37 годишната манекенка од Бразил го декорираше својот дом кој го дели со нејзината ќерка во Калифорнија во бохо стил.

Прекрасната куќа се наоѓа во Санта Моника, а за најпознатото архитектонско списание “Architectural Digest” одлучи да ја отвори вратата од својот дом и да ги прикаже сите соби и да каже како успеа да ги искомбинира навидум некомпатибилните парчиња.

Оваа убавица е голем обожавател на бохо стилот и деталите – така што во нејзината прекрасна вила, која вклучува базен и двор, ќе најдете многу декоративни растенија во големи вазни, потоа скали во плочки со цик-цак сино-црни мотиви, потоа дрвени  гитари, ламби во светли бои и врамени црно-бели слики на рокери како Џим Морисон.

Напиши коментар