Во истиот месец кога сицилијанскиот град продава куќи за едно евро, друг италијански град нуди 9.000 евра за да се пресели во него.

Пред да ги спакувате торбите и да тргнете кон Локанa, постојат неколку услови за преселба во Италија и заработка.

Секој кој сака да живее во овој град мора да има дете и плата од најмалку 6.000 евра.

Градоначалникот на локалното алпско село Локана, Џовани Матиет, ја спроведе оваа кампања поради брзиот пад на населението од 7.000 луѓе во раните деведесетти на едвај 1.500 денес.

Понудата за живеење во напуштените куќи важеше само за италијанските граѓани, а денес оваа понуда се прошири и на останатите.

Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или се подготвени да започнат нова работа во селото.

Инаку, селото има потенцијал за обновување благодарение на чистата енергија од хидроелектричната централа која и се продава на државата.

И со оглед на тоа што се наоѓа во срцето на Националниот парк Gran Paradiso, тоа е место богато со природа за сите љубители на активност.

Напиши коментар