← НАЗАД НА БОЗА

Ефикасно отстранете ја шминката од лицето само во 3 чекори

Ефикасно отстранете ја шминката од лицето само во 3 чекори
43 Читања

Отстранувањето на шминка е најкомплицираниот процес кога изморени се враќаме од работа или од вечерното излегување.

Од друга страна, многу е важно темелно да се отстрани шминката за да можеме да си легнеме со чиста кожа на лицето.

Остатоците од шминка, кои не сме ги отстраниле добро, можат да предизвикаат иритација и црвенило, па затоа мора внимателно да ја исчистите кожата на лицето по шминкањето.

Постепено исчистете ја шминката, преку овие 3 чекори:

  • Отстранете ја шминката

За ефикасно отстранување на шминка, би било најдобро да се користи производ базиран на масло. Со натопен туфер детално поминете ја површината на лицето за да отстраните што е можно поголем слој на шминка.

  • Измијте се

Миењето е неизбежен чекор во отстранувањето на шминката. На веќе влажна кожа, нанесете гел за чистење на лицето и добро втријте го. Исплакнете го производот со млака вода.

  • Нанесете тоник

Со помош на тоник, соберете ги и последните остатоци од шминка. Избегнувајте препарати на база на алкохол за да избегнете сушење на кожата. Тоникот ќе ја подготви кожата за слој хидратантен крем.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk