Motherhood

ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ: Колку повеќе деца имате, толку побавно стареете

Според истражувањето спроведено на Универзитетот Симон Фрејзер, раѓањето на повеќе деца ќе го забави процесот на стареење.

Авторите на студијата, Пабло Непомнаши и Синди Барха, ја набљудуваа врската помеѓу бројот на родени деца и должината на теломерите кај жените. Една студија која вклучува 75 жени покажа дека оние со повеќе деца имаат подолги теломери.

Теломер е заштитниот врв на крајот од секој синџир на ДНК и е клучен во процесот на стареење. Како луѓето стареат, теломерите се скратуваат и на тој начин стануваат главна причина за деградација на клетките.

„Побавно темпо на скратување на теломерите кај испитаничките со повеќе деца може да се припише на драматичното зголемување на естрогенот, хормон произведен во текот на бременоста.

Естрогенот функционира како моќен антиоксидант кој ги штити клетките од скратување на теломерите“, изјави Nepomnaschy за Science Daily.

Друго прифатливо објаснување зошто поголем број на деца го забавуваат скратувањето на телемерите е социјалното опкружување.

Nepomnaschy објасни дека жените со повеќе деца имаат поголема поддршка, како што се роднините и пријателите, што може да помогне во зголемување на метаболичката енергија што придонесува за одржување на ткивата и го забавува стареењето.

Напиши коментар