Од тоа зависи здравјето на вашата кожа!
Потребни се само три минути!
Да се води соодветна грижа за сопствената кожа е многу важно. Редовното чистење и хидратација е само еден од начините на кој треба да ја негувате. Но, ако имате други проблеми со кожата, секојдневните ритуали што ги практикувате можеби ја уништуваат вашата кожа без да знаете за тоа.
Туширањето има големо влијание врз вашата кожа, почнувајќи од времето кое го поминувате под туш и начинот на кој го миете телото. Затоа е важно да ја пронајдете вистинската рутина која и одговара на вашата кожа.
Дали знаевте дека она што и го правите на кожата по туширањето е исто толку важно, можеби дури и поважно од самото туширање? Една грешка што повеќето жени ја прават по туширањето и ја уништува кожата е што чекаат премногу долго за да нанесат хидратантен крем или воопшто не го применуваат.
Всушност, по туширањето, порите се шират поради пареата и топлината во бањата. Клучот е да се зачува таа вода во телото со примена на хидратантен крем во рок од три минути, изјави дерматологот Синтија Бејли.
Доколку чеекате повеќе од три минути да нанесете хидратантен крем по туширањето, ќе предизвикате губење на влага од вашата кожа. Затоа, секогаш чувајте го шишето со хидратантен крем во вашата бања и нанесете го веднаш по туширањето за да имате здрава и хидрирана кожа.