← НАЗАД НА БОЗА

Еве зошто не треба да се испираат раните со алкохол

Еве зошто не треба да се испираат раните со алкохол
139 Читања

Кога ќе се повредиме, веднаш земаме алкохол за да ја дезинфицираме раната, а докторите предупредуваат дека ова е голема грешка!

Исечениците или раните нема да се инфицираат ако се лекуваат правилно, вели д-р Невенка Димитријевиќ. Ова значи дека треба да се исплакнат со чиста, ладна вода, привремено да се заштити со газа и да не се иритира со алкохол и хемикалии.

Најчеста причина за инфекција на раните е нехигиената и употребата на несоодветни средства за дезинфекција.

Ако раната не е длабока и докторот не одредил превивање, не треба да се завитка, ниту да се користи газа, за да не се создаваат бактерии.

– Раната треба да се заштити со газа само ако е покриена со облека, кога работиме низ домот или сме во средина каде што има многу прашина – вели д-р Димитријевиќ.

Раната која крвари не треба да се мие со алкохол, ракија или да се третира со било какви „домашни методи“, бидејќи тоа не само што ја иритира кожата, туку исто така може да биде и опасно.

– Кога ставаме алкохол на раскрварена рана, крвните садови се шират и можеме да предизвикаме контра-ефект, вели д-р Димитријевиќ.

– Алкохолот може да се користи само за дезинфекција на кожата околу раната.

Брзината на заздравување на раната зависи од организмот и неговата способност да се лекува.

Не треба да се користи заздравувачки агенс и кожата не треба да биде оптеретена со хемикалии, освен ако не е препорачано од лекар.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk