Едноставна и малку строга, медицинската диета за само еден месец го топи вишокот на килограми што ве мачат долго време.
Таа трае еден месец, а менито е едноставно: секој ден, цел ден се јаде само прехранбениот производ кој што е наведен за тој ден.
Менито е направено за 11 дена, но по првата примена треба да се повтори уште два пати, па диетата трае вкупно 33 дена.
За најдобар резултат, треба да јадете до шест часот попладне, а потоа ништо повеќе. За време на диетата можете да пиете чај и / или кафе без ограничувања, засладени со вештачки засладувачи, но најдобро е да пиете само обична вода.
Мени за 11 дена
Ден 1 – варен зеленчук: сурово или варено без масло (морков, зелка, зеље, домати)
Ден 2 – варено месо (виршли или телешко месо)
Ден 3 – варени компири
Ден 4 – јогурт
Ден 5 – варени јајца (максимум 9)
Ден 6 – Овошје (мешано)
Ден 7 – супа од кесичка
Ден 8 – варено месо
Ден 9 – варен ориз
Ден 10 – овошје (мешано)
Ден 11 – варен компир + јогурт