Иако лесно се прави, станува збор за една од најтешките вежби на кои ќе наидете.
За оваа вежба, потребно е само да се подигне нешто тешко и да се оди со тој товар. Може да звучи лесно, но вашето тело по 40 метри почнува да ја чувствува тежината со која што сте го оптеретиле.
Значи, важно е да се подигне товарот и исправени да одите по одредена должина или временски период, но исто така треба да внимавате да ја изведете вежбата правилно.
Клучот на успех во оваа вежба не е одењето, туку во начинот на кој одите со тежината. Со „Фармеровиот чекор“ може многу брзо да ги изградите мускулите, да ја намалите телесната маса, да ја зголемите силата, а ризикот од повреда е помал.
Со оваа вежба, ги придвижувате сите мускулни групи со едно движење. Една од најчестите причини зошто оваа вежба не се прави почесто е тоа што е премногу едноставна. Но, без разлика на тоа, не го потценувајте влијанието на оваа основна, но одлична вежба.