← НАЗАД НА БОЗА

ФЕСТИВАЛСКА МАГИЈА ВО АМСТЕРДАМ: Еве зошто главниот град на Холандија во моментов е најпосетениот град на светот

ФЕСТИВАЛСКА МАГИЈА ВО АМСТЕРДАМ: Еве зошто главниот град на Холандија во моментов е најпосетениот град на светот
172 Читања

Амстердам има многу што да им понуди на туристите, а една од атракциите во изминатите седум години е необичниот фестивал.

Главниот град на Холандија е убав во сите периоди од годината и му остава впечаток на секој посетител.

Архитектурата, стандардот, начинот на живеење, релаксацијата и слободата од сите видови се само некои од предностите што ги има во однос на другите градови.

Во Амстердам од крајот на ноември, веќе по седми пат се одржува Фестивалот на светлата.

До 20. јануари, северна Венеција ќе ја украсуваат 30 модерни уметнички дела кои сјаат.

Темата на овогодинешниот фестивал е изјавата на канадскиот теоретичар Маршал Маклуан: „Медиумот е порака“.

Инспирирани од неговото дело, организаторите на фестивалот објаснуваат дека улогата на светлината е да пренесува пораки, а Амстердам како град е медиум кој пренесува бројни приказни.

Од 600 дела, избрани се 30 кои се изложени во историскиот дел од градот, па можете да ги видите уметничките инсталации во воздух, како пловат низ каналот или ги украсуваат мостовите.

Сите уметнички дела и инсталации, жителите и туристите ќе можат да ги разгледуваат додека шетаат низ градот, возат велосипед или уживаат во возењето со бродови.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk