Освен екипата што глумеше во првиот дел.
Потсетете се на 2004 година и на филмот “White chicks” во кој двајца агенти на ФБИ (Марлон Вајанс и Шон Вајанс) наоѓаат начин да откријат банда киднапери.
Се разбира, тоа е оној филм во кој тие мора да се маскираат во белкињите Британи и Тифани Вилсон и, се разбира, во една од нив се вљубува мускулест човек …
Мускулестиот го глумеше Тери Круз, кој во едно интервју откри дека близначките ќе се вратат на големите екрани.
„Тренирам и секогаш ќе бидам во форма и подготвен за продолжетокот на филмот. Подготвен сум за снимање“.
Кого го ископираа?
Браќата Марлон и Шон Вајанс глумеа агенти на ФБИ во 2004 година, кои мораа да се маскираат како расипани богаташки. Инспирирани од Париз и Ники Хилтон.
Марлон Вајанс исто така е подготвен, и рече: „Разговарав со мојот брат, сè се подготвува и ако сите карти се поклопат, снимаме “White chicks 2”.
Првиот филм излезе пред 15 години и иако критичарите „го погребаа“, тимот имаше идеја да го сними продолжението во 2009 година. Сепак, надлежните од студиото „се заблагодарија на соработката“.