На познатата патека Nurburgring Nordschleife, се тестираат новите модели на BMW M3 и M8 Gran Coupe, што треба да се презентираат оваа година.
Новата генерација на BMW 3 серијата е на пазарот повеќе од половина година, така што е време да пристигне и врвната верзија на M3, која беше забележана за време на тестот на Nurburgring.
За работите да бидат поинтересни, во исто време, на познатата тркачка патека се најде и „маскираниот“ прототип на BMW M8 Gran Coupe, кој исто така треба наскоро да дебатира.