Cafe Del Mar

Фитнес совети: Како да ги согорите калориите побрзо и поефикасно?

За да ослабите и да ја одржите саканата линија, треба да потрошите повеќе калории отколку што ќе внесете со помош на редукција на вашата исхрана и вежбање.

Ако тоа се уште не ви оди од рака, ние ви претставуваме неколку совети, за да ви помогнат поефикасно и побрзо да ги согорите калориите.

  • Вежбајте наутро

Многу студии покажаа дека повеќе калории се согоруваат за време на утринскиот тренинг.

Во прилог на согорувањето на повеќе калории, утринскиот тренинг го зголемува нивото на енергија, ја подобрува концентрацијата и ја стимулира продуктивноста, поради што идеално е да го воведете вежбањето во вашата утринска рутина.

  • Зголемување на интензитетот на тренинг

За значително зголемување на потрошувачката на калории, треба да го менувате интензитетот на тренингот, од ден на ден.

Најефикасното согорување на калории се постигнува со постепено менување на интензитетот на вежбање за време на тренингот. Ова особено се однесува за менување на темпото и интензитетот за време на трчањето.

  • Тренингот со тегови е неизбежен

Колку повеќе мускули имате, толку повеќе вашето тело ќе согорува калории, во состојба на мирување. Поради ова, важно е да се комбинираат кардио вежбите и вежбите со тегови, секојдневно.

Со помош на овие корисни совети за корегирана исхрана, важно е  во текот на денот да се движите и да бидете активни, а со тоа, и да се погрижи за вашата исхрана, така што освен што ќе согорите повеќе калории, ќе се обидете и да го намалите внесот на истите.

Напиши коментар