Sweet Home

ФРАНЦУЗИНКИТЕ СЕ ДАМИ СО СТИЛ: овие 8 работи ги има во домот на секоја Парижанка

Тие се дамите кои се на прво место според стилот, бидејќи знаат како да го декорираат својот дом!

Париз носи долга и богата историја во областа на архитектурата и дизајнот, па затоа не е ни чудо што жените кои живеат таму ја негуваат традицијата на луксузни, домови и ентериери како од сказна.

Ако мислите дека ви требаат многу инвестиции за да го добиете вашиот дом со француски шмек – не сте во право!

Станува збор за добар стилски избор на функционални парчиња мебел и детали кои се ослободени од кич и сè што е излишно!

Нивните домови носат личен печат, но секогаш ги содржат овие 8 предмети: овална маса, ретро кабинет за складирање, парчиња современа уметност, лустери кои ве враќаат во минатото, барем едно парче мебел, тапацирано со плиш, атрактивно распоредени кујнски детали, златни огледала и столици со потпис на француски дизајнери!

Погледнете ги примерите во галеријата, можеби тоа ќе ви помогне при пролетните промени во домот!

Напиши коментар