Во август минатата година Burberry доби нов извршен креативен директор, Riccardо Tisci, а со него следеше целосна промена на имиџот на брендот – ново лого и TB monogram print.
Со согласност од основачот на британската модна куќа Burberry, Thomas Burberry, познатиот print и логото на луксузниот бренд за прв пат е изменета по дваесет години.
Во меѓувреме, Burberry ја започна Burberry TB Monogram кампањатажа со Gigi Hadid во главната улога.
Иако првично Tisci ја откри портокаловата и темно жолтата боја како боја на print-от, за дебито на колекцијата TB monogram print-от е прикажан во неутралната палета на чоколадно – кафеава боја, костенливо- кафеава, беж, со црвени пруги на врвот на логото.
„Тоа е симбол кој не само што го вклучува Burberry наследството, но исто така е и модерен“, рече Tisci за новата верзија на брендот.
„Со оваа колекција сакав да ја прославам големината што ја претставуваме како бренд“.
Новата Burberry TB Monogram колекција ќе биде достапна за купување во избрани продавници на Burberry низ целиот свет, како и online од 22-ри мај.