← НАЗАД НА БОЗА

Го тужи татко ѝ за милиони!

Го тужи татко ѝ за милиони!
107 Читања

Милионска тужба ги „запали“ таблоидите! Пејачката Ријана го тужи својот татко Роналд Фенти за измама, според американскиот печат.

Ријана, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, го тужи Роналд Фенти за измама, лажно рекламирање, повреда на приватноста и цела листа на други дела.

Пејачката во тужбата тврди дека Роналд со неговиот неименуван бизнис партнер ја основал компанијата “Fenty entertainment”.

„Оваа компанија упорно и намерно се претставува дека е поврзана Ријана. На овој начин, се „извлечени“ милиони долари од трети страни, бидејќи тие двајца лажно тврделе дека се одговорни за кариерата на Ријана и дека ги закажуваат нејзините настапи низ целиот свет“, наведено е во тужбата.

Ријана продолжува да се обидува да го запре својот татко во користењето на брендот „Фенти“, бидејќи таа така ја нарече модната и козметичката колекција и го заштити брендот.

„Со оваа тужба клиентката бара да се спречи понатамошното нарушување на нејзиното име, личност, углед и приватност“, изјави нејзиниот правен тим.

Родителите на пејачката одамна се разведоа, а таа постојано раскажуваше дека растењето и било тешко бидејќи нејзиниот татко бил алкохоличар и зависник од дрога.

Роналд накусо изјави дека „никој не може да го спречи да го користи сопственото презиме во бизнисот.“

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk